Сообраќајот се одвива нормално, наместа по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, на места по влажни коловози.

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.