Сообраќајот се одвива нормално по влажни патишта

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по влажни коловози.

Се препорачува внимателно возење. Mожни се помали одрони, особено на патните правци Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.