Сообраќајот се одвива отежнато во зимски услови

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите.

Врнежи на снег со среден интензитет има на Гостивар, Стража, Пресека и Неготино, додека пак во поголем дел од државата провејува снег со слаб интензитет, кој не се задржува на коловоз.

Поради ниските температури во ноќните часови се забележува појава на голомразица.

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Гостивар – крак Маврово-Дебар, Тетово – Попова Шапка, Тетово – г.п. Јажинце, Дебар – Струга, Струга – г.п. Ќафасан, Крива Паланка – Деве Баир, како и на планинските премини Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.