Сообраќајот се одвива отежнато

Од 08.30 часот утрово воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир.

Од Македонија пат информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива отежнато во зимски услови, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи.

Врнежи на снег од среден интензитет има Гостивар, Стража,Пресека и Неготино, а  на поголем дел од републиката има провејување на слаб снег кој не се задржува на коловоз.

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци:Гостивар-кракМаврово-Дебар,Тетово-П.Шапка,Тетово-гр.премин Јажинце,Стража,Пресека, Дебар-Струга, Буково, Ѓавато, Струга-гр.премин Ќафасан.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Македонија пат на учесниците во сообраќајот им препорачува внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.