Македонија

Сообраќајот се одвива по местимично влажни коловози

Сообраќајот се одвива по местимично влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози. Слаби локални врнежи од дожд во некои делови од Македонија.Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес

АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.