Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози.

Нормализиран е и сообраќајот на магистралниот пат Радовиш-Штип, поточно на 6-ти километар од Штип, кадешто имаше наноси од песок и зоглемено количество на вода на патот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.