Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози без застои и ограничувања.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица –  Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот од АМСМ им препорачуваат внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.