Сообраќајот се одвива по влажни коловози, без забрани

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.Авто-мото сојузот (АМСМ) препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Особено внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.