Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.

На патот Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште, на влез во Кратово, воведена е забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.

На патниот правец Радовиш – Конче има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На овој патен правец е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.