Сообраќајот се одвива тековно, но по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози.

Снежни врнежи со променлив интензитет има на Маврово, Стража и Буково но не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот.

Намалена видливост поради магла: Плетвар – 120м. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат  се на терен и редовно ги оддржуваат  проодни сите патни правци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.