Сообраќајот се одвива во зимски услови по суви коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. На осојничавите места има помали остатоци од снег.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. 

Во сила е времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила,чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната  се однесува за периодот  од 8 до 20 часот, а која ќе се спроведува до крајот на март годинава.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ потсетува дека е во сила законската обврска за поседување зимската опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март.