Македонија

Сообраќајот се одвива во зимски услови

Сообраќајот се одвива во зимски услови

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива во зимски услови по влажни коловози и наместа остатоци од снег. Поради ниски температури на повисоките места, можна е појава на голомразица.

На патниот правец Гостивар – крак Маврово – Дебар како и на планинскиот премин Ѓавато воведена е забрана за тешки товарни возила.

Доколу има нов бран на врнежи од снег на територија на Р.Македонија во текот на денешниот ден, како што е најавено, координативното тело на Министерството за транспорт и врски донесе нови мерки и доколку снегот е со голем интензитет ќе се воведе забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси на патните правци, особено на потегот од Гостивар кон Охрид и обратно.

АМСМ ги советува сите граѓани за задолжително поседување на зимска опрема во моторните возила и доколку им се потребни информации за состојбата на регионалните и магистралните патни правци да не контактираат на 155 55, а доколку им е потребна помош на пат или шлепување да не контактираат на 196.

Сите граѓани кои имаат паметни телефони – достапна им е и нашата АМСМ мобилна апликација и веб страната на www.amsmspi.mk

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12.01.2015 год. ќе се започне со активности на патот, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и истите се очекува да бидат со времетраење од 5 месеци (до 12.06.2015 год.). Работите ќе се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот.

На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник продолжуваат градежните работи. Препорачуваме повнимателно возење поради присуство на механизација и работници, а при асфалтирање можни се повремени затворања на патот.

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец А1 Гевгелија-Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково. Учесниците во сообраќајот треба да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

На 19.12.2014 година стартуваше времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила,чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува од 19.12.2014 година до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.

Се молат сите учесници кои управуват тешки товарни возила да се придржуват на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Потсетување за сите возачи на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март.