Сообраќајот тековен, коловозите претежно суви

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по претежно суви коловози, информираат од Диспечерскиот центар на „Македонијапат“.

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената патна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.