Македонија

Сообраќајот тековен, но внимателно поради маглата и влажните коловози

Сообраќајот тековен, но внимателно поради маглата и влажните коловози

Сообраќајот на сите патишта низ земјава се одвива без забрани, по влажни коловози. Во поголемиот дел од Македонија има слаби врнежи од дожд.

Поради појава на магла, намалена видливост од 50 до 100 метри има кај Страцин, Делчево, Павлешенци, Струмица, Гевгелија, Велес, Кула, Катланово, Скопје, Тетово, Кичево.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.