Сообраќајот тековен по влажни коловози

Сообраќајот на сите патишта низ државата се одвива без забрани, по влажни коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на некои повисоки планински и осојничави места.

Појава на магла има во западниот и југозападниот дел од земјата со видливост до 50 метри, а во североисточните делови со видливост од 50 до 150 метри. Во скопскиот регион видливоста е до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.