Македонија

Сообраќајот тековно, по влажни коловози

Сообраќајот тековно, по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на планинските превои Буково, Маврово, Стража и Крушево но снегот не се задржува на коловозот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Од Геинг известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за Изградба и инсталација на електронски систем за наплатни станици во Македонија, на патниот правец А1, на делницата Скопје-Велес во зоната на лирата на наплатната станица Отовица, од 26.02.2015 се изведува геодетско снимање и геотехнички истражни работи, за кои има времена измена на режим на сообраќај.

Поставена е соодветна вертикална сигнализација за времен режим на сообраќај за работа на пат, согласно издаденото Одобрение од Министерството за транспорт и врски и изработениот Основен сообраќаен проект.

Времетраењето на времената измена ќе трае до 05.03.2015.

Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на траса.

Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за изградба на инсталација на електронски систем за наплатни станици во Македонија, на патниот правец А1, делница Скопје – Велес во зоната на лирата на наплатната станица Петровец (во двата правци), од 23.02.2015 започнати се геодетско снимање и геотехнички истражни работи, за што е воведена времена измена на режим на сообраќај. Поставена е соодветна вертикална сигнаизација за работа на пат. Активностите ќе траат до 28.02.2015 и се изведуваат во текот на денот од 07:00 до 17:00 часот, додека сообраќајната сигнализација ќе биде поставена 24 часа на трасата.

Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12.01.2015 год. започнати се активности на патот, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и истите се очекува да бидат со времетраење од 5 месеци (до 12.06.2015 год.). Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот.

На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник продолжуваат градежните работи. Препорачуваме повнимателно возење поради присуство на механизација и работници, а при асфалтирање можни се повремени затворања на патот.

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Според известувањето од IRD Engineering од 10-ти февруари 2015 година, започнуваат работи на мостот A1-69L, на автопатот А1 (Е75), делница Велес-Катланово, на стационажа 63 + 556, вклучувајќи и должина од околу 250 метри пред и по 250 мостот. Сообраќајот се одвива по една лента и возачите се молат да внимаваат на ново поставената сигнализација. Планирано е работите да траат 3,5 месеци.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
Учесниците во сообраќајот треба да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ информираат дека утре на патниот правец А2 Охрид – Кичево (Врбјани – Пресека), поради минирање, сообраќајот ќе биде во прекин од 13:00 – 14:00 часот.

Ги потсетуваат сите возачи на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2015 година.