Сообраќајот во Скопје: Возат пијани, без дозвола и со нерегистирани возила

Двајца возачи биле фатени како возат под дејство на алкохол, шестмина немале ниту дозвола, а 11 скопјани возеле возила кои не се регистрирани, информираат од Министерството за внатрешни работи по вчерашната засилена контрола на сообраќајот извршена од скопската полиција.

„Исто така, кај седум лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, за некористење на сигурносен појас изречени се девет прекршоци, за управување на возило со над дозволената брзина 19, за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин – шест прекршоци. Покрај ова евидентирани се 70 прекшоци за непрописно паркирање, за непрописно престројување два прекршока, еден прекршок за неотстапување првенство на мунување на пешаци, за непрописно претекнување – два прекршока, четири прекршоци за зборување на мобилен телефон а со “пајак“ возило подигнати се 89 возила“, се вели во информацијата од МВР.

Строга контрола направена е и во Битола каде биле контролирани 192 возила и откриени голем број прекршоци.

На технички преглед се упатени 76 возила, од сообраќај се исклучени 27 возила, додека пак во еден случај исклучен е возач од сообраќај.

При контрола  издадени се 27 платни налози за констатирана техничка неисправност кај возилата, шест платни налози за управување со нерегистрирани возила, еден платен налог за управување на возило без возачка дозвола, шест покани за глоба за некористење на светла при управување со возило, како и по една покана за глоба за непродолжена важност на возачката дозвола и за постапување спротивно на поставен сообраќаен знак.