Сообраќајот низ Македонија се одвива тековно и без забрани

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, без забрани, застои и ограничувања,  по претежно влажни коловози.

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат  се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.