петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Објавените прислушувани разговори дел од архивата на Чауш?

Според неофицијални информации, снимките кои сега се објавуваат се поврзуваат со Захир Бекири Чаушот кој е уапсен во „Фабриката за афери на сДСМ“ и со косовското подземје.

zaev-i-caus-640x480

Поврзани вести

Фан страна на Фејсбук продолжува да објавува прислушувани телефонски разговори. На снимките кои се објавуваа на страната пронто.мк се случаат гласови на албански јазик, а оние кои ги објавуваат снимките тврдат дека се работи на највисокото раководство на Демократската партија за интеграција – лидерот Али Ахмети, поранешниот вицепремиер Муса Џафери, поранешниот министер Блерим Беџети, пратеничката Ермира Мехмети.

По објавата на овие разговори, од партијата на Али Ахмети велат дека ова е уште една потврда дека е компромитиран целиот процес и ги повикаа институциите СЈО, ЈО, МВР, Дирекцијата за заштита на личните податоци да си ја вршат работата.

Весникот „Дневник“ повикувајќи се на неофицијални информации пишува дека снимките кои сега се објавуваат се поврзуваат со Захир Бекири Чаушот кој е уапсен во „Фабриката за афери на сДСМ“ и со косовското подземје. Според инфромации кои се објавија по апсењето на Бекири полицијата на компјутерот во неговиот дом пронашла фолдер со околу 70 илјади прислушувани разговори именуван како „СДСМ Заев“. Пронајден бил и хард диск со други прислушувани разговори.  Според информации тогаш неофицијално објавени од Обвинителството, Бекири стапил во контакт со косовското подземје и ги продавал прислушуваните разговори, а со нив се тргувало и во Србија преку еден македонски новинар.

За ова, според информациите кои тогаш ги објави Дневник, истрагата имала и докази во пресретнатата комуникација меѓу осомничените кои тогаш беа приведени во акцијата „Фабрика за афери на СДСМ“. Дел од разговорите веќе се најдоа на некои косовски медиуми, што само дополнително го потврдува сомнежот дека станува збор за снимки кои до медиумите стигнале преку косовските структури со кои соработувал Чауш.

caus

Инаку, лидерот на СДСМ, Зоран Заев откако беше реализирана акцијата „Фабрика за афери“ во која е уапсен Бекири и беше објавено дека имал средби со него во телевизиско интервју призна дека соработувал со Чаушот и дека имале средби со неговата канцеларија на седиштетот на СДСМ.

„Не бегам од одговорите, се плашам да не влијаам на истрагата. Ќе ги дадам сите одговори, тој е член на СДСМ и тој е сликан во канцеларијата моја во која што работам, нема бегање од таа работа, ниту некој се плаши, Јас се гледам со сите луѓе кои што бараат“, рече  Заев во декември лани.

Освен средбите со Заев, Бекири се поврзуваше и со други лица од високото раководство на СДСМ како актуелниот министер за внатрешни Оливер Спасовски.

caus-oliver-640x356

За СДСМ последните објави на прислушувани материјали се „масло на ВМРО ДПМНЕ“ и тврдат дека сите разговори кои што ги поседуваше Заев се предадени на Специјалното јавно обвинителство.

Предупредивме дека нарачателите на прислушувањето, Груевски, Мијалков и соработниците ќе се обидат да користат материјали што ги поседуваат за уцени за разни цели и тоа сега се покажува со пораките што очигледно му ги праќаат на коалицискиот партнер Ахмети. Ако фамилијата мисли дека со овој потег влева несигурност кај граѓаните – им порачуваме дека пукаат во празно – стравот е сега преселен кај обвинетиот Груевски и осомничените Мијалков и Јанкулоска, зашто правдата доаѓа“, рече Шилегов.

Од владејачката партија пак потсетуваат дека Бекири е член на СДСМ кај кого полицијата пронајде прислушувани разговори, дека СДСМ како заслуга за криминалот на Захир Бекири ја вработиле неговата сопруга во Паркинзи на општина Центар.

„Трагичен е обидот на СДСМ да ги лаже граѓаните дека Захир Бекири не е нивен член и дека ги поседувал незаконските снимки на Заев без знаење на партијата. Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот пријател и сопартиец Захир Бекири – Чауш ќе одговараат за криминалот што го сториле, а СДСМ на претстојните избори во декември ќе ја плати цената за лагите и манипулациите со кои Петре Шилегов се обидува да ја измами јавноста“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Најчитани вести