Сопиште, Ѓорче и Центар утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре без електрична енергија ќе останат жителите на Сопиште, Ѓорче Петров и Центар.

Ова се улиците и временските периоди каде ќе нема струја:

• во време од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од село Сопиште, делот од новиот Кружен Тек до црквичето. ( општина Сопиште )
• во време од 09.30 до 13.30 часот, корисниците од село Кучково на главен пат. ( општина Ѓорче Петров )
• во време од 10.00 до 11.30 часот, корисниците од ул. Орце Николов број 157 влез 1. ( општина Центар )
• во време од 10.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Мечкин Камен. ( општина Ѓорче Петров )