Сопруга на познат пејач доби Пежо 208 со фискални сметки

Синоќа со директен пренос на МТВ1, се одржа 11тото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ во кое се извлекоа добитниците на автомобилот Пежо 208 , 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.

Скопјанката Билјана Коцев го предводи списокот на добитници во ова коло.

Нејзиниот коверт беше извлечен за автомобилот Пежо208. Интересно е што при телефонскиот контакт во самото извлекување, таа откри дека е сопруга на пејачот Марјан Коцев.

Досега од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделија два стана и тоа на добитникот Трајко Кузмановски од Куманово и добитничката Весна Угриновска од Велес, два деловни простора, како и 11 автомобили. Покрај главните награди за претходните 11 извлекувања доделени се и 1650 вредносни ваучери од 60.000 до 1000 денари на добитници ширум Македонија.

Следното 12 коло од оваа наградна игра ќе се реализира на 24 ноември 2014. Во него, стандардно учествуваат сите коверти испратени со сметки кои се валидни од најран датум 15.11.2013 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.