Сопругата и децата на Пучдемон заминале во Романија

Супругата на отстранетиот од должноста каталонски претседател Карлес Пучдемон, Марсела Топор, во пресрет на прогласувањето на независноста на Каталонија се вратила во својата родна Романија заедно со нивните две деца, пренесуваат медиумите во понеделникот.

Според наводите на некои шпански медиуми, Марсела Топор заедно со ќерките Магали и Марија се вратила во Раманија откако открила дека регионалната полиција Мосос д’Есквадра повеќе не ја заштитува нивната вила на излезот од градот Гирона, во близина на границата со Франција, каде што Карлес Пучдемон до 2015 година беше градоначалник, а стотина километри од каталонската престолнина Барселона.

Еден од соседите, според наводите на медиумите, изјвил дека во последните осум до десет дена нема знаци дека некој живее во нивната вила. „Чудно е, бидејќи додека Пучдемон беше претседател, Мосос д’Есквадра 24 часа ја чуваше вилата, а сега ги нема во близината“, рекол соседот.

Марсела Топор, којашто своевремено се занимавала со актерство а потоа минала во новинарските води, важи за повлечена личност, но воопшто не ја криеше својата поддршка за независноста на Каталонија.

Засега никој не може да ги потврди со сигурноста медумските написи дека сопругата на отстранетиот каталонски челник, најверојатно стравувајќи за безбедноста на своето семејство, заминала во татковината.

Во некои шпански медиуми се наведуваше дека и Пучдемон може да биде приведен и суден за непослушност и поттикнување на бунт за отцепување од Шпанија, за што му се заканува и до 30 години затвор.

Каталонскиот парламент во петокот изгласа независност, по што шпанскиот Сенат, горниот дом на парламентот, ја одобри примената на членот 155 од шпанскиот устав, што на владата на премиерот Маријано Рахој ми овозможува суспендирање на автономијата на покраината и воспоставување на контрола на Мадрид над каталонските институции.

Покрај тоа што ја рапсушти владата на Каталонија, Мадрид го распушти и покраинскиот парламент, ги смени директорот и началникот на покраинската автономна полиција, ги презема управувањата со финансиите и јавните медиуми, распиша и вонредни парламентарни избори кои треба да се одржат на 21-ви декември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.