Сопругата ја издаде најголемата тајна на Мурињо со една фотографија

Жозе Мурињо  ги однесе играчите на Манчестер Јунајтед на подготовки во Пекинг, а неговата сопруга пред заминувањето на аеродром објави една фотографија која стана топ тема во Велика Британија.

Имено, Матилде можеби на целиот фудбалски свет му ја потврди веста за најголемиот трансфер во историјата, а без и да знае. На фотографијата на која Мурињо е подготвен за тргнување во Пекинг се гледа фудбалскиот терен со имињата на играчите на Јунајтед. Иако фотографијата е заматена, многумина „гледаат“ дека Мурињо на позицијата за централен играч за врска го ставил Пол Погба, додека има и такви што се убедени дека станува збор за Хуан Мата, играч на Јунајдед.

pogba

Вчера италијанските медиуми објавија дека Јунајтед е на чекор до тоа да го доведе Пигба во тимот, а дека за него подготвиле 180 милиони евра – 120 милиони евра оштета за Јувентус и 60 милиони евра плата за играчот.

Погба си замина од Олд Трафорд во 2012-тата година откако за Јунајтед одигра три натпревари и одби да потпише нов договор што му беше понуден од страна на легендарниот Сер Алекс Фергусон, па бесплатно се пресели во Торино.

Тој за Јувентус одигра над 150 натпревари и постигна над 30 голови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.