Сопругата на поранешен грчки министер побегна од затвор

Жената на поранешниот министер на Грција Вики Стамати, побегна од затворската психијатриска болница каде беше сместена поради корупциската афера во која беше осудена заедно со нејзиниот сопруг Акс Тсочапоулос, соопшти полицијата, пренесува Танјуг.

Полицијата спроведува истрага за да се утврди на кој начин Стамати, по која во моментов се трага, побегнала од ќелијата.

Еден од нејзините адвикати Алексис Кугиас изјавил Стамати побегнала еден ден откако била одбиена и нејзината петта жалба за ослободување. Стамати во жалбата како главна причина за ослободување ја навела здравствената состојба и неопходноста да биде покрај нејзиното мало дете, за кое во моментов се грижи нејзината мајка.

Стамати е уапсена во 2012 година, а 2013 била осудена за учество во корупциска афера заедно со сопругот, поќерката и уште десетина лица задолжени за воени набавки.

Таа е осудена на 12 години затвор за перење пари. Постапката по жалбата сеуште не е завршена.

Нпосредно по судењето таа била подложена на двократна масектомија поради влошувањето на здравјето. По нервниот слом и обидот за самоубиство таа била префрлена во психијатриска болница поради тешка депресија.

Судењето против Тсочапоуллос беше најголемото судење за корупциска афера во последните неколку децении. Поранешниот министер за одбрана, кој неше на таа функција од 1996 до 2001 година и некогаш висок функционер во социјалистичката партија ПАСОК осуден е на максимална казна од 20 години затвор. Судската постапка по неговата жалба сеуште е во тек.