Сопругата на тајниот агент 007 чека бебе

Кога новинарите на „Њујорк тајмс“ и дале комплимент дека во последно време „зрачи со посебен сјај“, актерка Рејчел Вајс им открила која е вистинската причина за нејзиниот, никогаш подобар изглед- таа и сопругот Даниел Крег (50) ќе го добијат првото дете, информираше вчера британскиот „Мирор“.

Сопругот и јас сме среќни! Наскоро ќе се види и стомачето! Наското ни доаѓа нашето мало човече и не може да дочекаме да го запознаеме него или неа. Оваа бременост е вистинско чудо – рече англиската актерка и добитник на оскар, која минатиот месец наполни 48 години.

Вајс од нејзината врска со режисерот Дарен Аронофски (49) веќе има син, Хенри (11), а Крег со поранешната сопруга Фиона Лоундон (50), исто така актерка, ја има ќерката Ела (25).

Актерката пред шест години во едно интервју изјави дека не планира да има деца со Даниел, но исто така, додаде „никогаш не вели никогаш“.

Мајчинството навистина ме исполни, се чувствувам позадоволна и посмирена, иако на почетокот се плашев како ќе успеам да се снајдам во оваа нова улога во животот. Испадна се во ред, всушност, многу подобро отколку што очекував – изјави Вајс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.