Сопругата на Тони Блер ќе ја застапува Албанија во судски спор

Сопругата на поранешниот британски премиер Тони Блер ќе ја застапува Албанија во судски спор вреден 250 милиони фунти. Госпоѓата Чери Блер претходно склучи договор со казахстанската Влада каде нејзиниот сопруг исто така работеше како советник, објави МИА.

Тони Блер пред повеќе од една година почна да работи како советник на албанската Влада.

Адвокатската канцеларија Омниа Стратеџи доби преку тендер работа да ја застапува Владата во спор со американската фирма Рапискан Стратеџи која во 2013 година потпишала договор на 15 години за инсталирање скенери на граници за сузбивање шверц на дрога, оружје и цигари.

Договорот бил откажан откако на избори победи Еди Рама, а американската фирма во август подигна тужба барајќи 250 милиони долари отштета.

Колкави ќе бидат хонорарите на Чери Блер засега не е познато, но се знае дека во Казахстан добивала по 975 фунти на час, иако обично наплатува 1.150 фунти.