Сопругата на Верушевски откри дека Заев е нарачателот на ослободувањето

Од првичните очигледни лаги дека не се познаваат, до длабока соработка за уценување и рушење на демократски избрана власт се флуктуацијата на ставовите на опозицискиот лидер Зоран Заев и неговиот однос спрема поранешниот директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (ДБК), во време на владеењето на СДСМ, Зоран Верушевски.

Сопругата на Верушевски, Соња, по повод барањето за ослободување на Верушевски од притвор кое го упати Катица Јанева, наместо на Јанева му се заблагодари на Зоран Заев, со што практично откри дека Заев е нарачателот, а Јанева е само марионета во рацете на Заев која ги исполнува неговите наредби, пишува Курир.

verus-sonja

-Најголема благодарност упатувам до лидерот на СДСМ г-динот Зоран Заев, напиша Соња Верушевска.

Ќе потсетиме дека пред објавувањето на аферата „Пуч“, СДСМ лажеше дека Заев и Верушевски не се ни познаваат. На 29 јануари, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов излезе на прес конфернеција на Бихаќка и рече дека раководството на СДСМ нема блиски контакти со Зоран Верушевски.