Сопугот ја претепал пред нивното малолетно дете

Триесет и деветгодишната гостиварка Л.М, вчера е претепана од нејзиниот сопруг пред нивното малолетно дете.
Жената настанот го пријавила во гостиварската полиција.
Според нејзината изјава вчера околу 16 часот во нивната семејна куќа, алкохолизиран дошол 48-годишниот сопруг С.М и започнал да се расправа со неа. Расправијата, за кусо време кулминирала и С.М. физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по главата и телото и нанесувајќи и повеќе видливи повреди.

Л.М. побарала кривичен прогон, објаснувајќи при тоа дека психичкото и физичкото малтретирање неретко било и пред очите на нивното малолетно дете.
Л.М. побарала кривичен прогон, објаснувајќи при тоа дека психичкото и физичкото малтретирање неретко било и пред очите на нивното малолетно дете.

Тоа, инаку често се случувало и претходно, поради што Л.М. побарала кривичен прогон, објаснувајќи при тоа дека психичкото и физичкото малтретирање неретко било и пред очите на нивното малолетно дете.

Набрзо, С.М. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар, а денеска наутро е пуштен и ќе се соочи со поднесок.

Жените најголеми жртви на семејно насилство

Насилството во семејството претставува кршење на човековите права на жртвите и е пречка за остварување на фундаменталните слободи и права. Тоа е сериозен предизвик кој  има негативно  влијае во секојдневниот живот во многу семејства, и токму затоа, Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика пристапија кон решавање на семејното насилство на еден темелен, одлучен и енергичен начин со цел воспоставување на прифатливи стандарди на однесување и висок цивилизациски степен на комуникација помеѓу жените и мажите.

Построги казни за сторителите на семејно насилство, поголема грижа за жртвите

Построги казни за сторителите на семејно насилство, поголема грижа за жртвите
Построги казни за сторителите на семејно насилство, поголема грижа за жртвите

Македонија го следи примерот на европските земји. И ние наскоро ќе имаме нов закон за спречување, превенција и заштита од семејното насилство.

Овој закон го подготвува министерството за труд и социјална политика, а министерот Диме Спасов гостуваше во дневникот на МРТ, каде ги образложи новитетите.

Еден од сегментите на новиот закон е заострување на мерките и казните спрема сторителите. Досега праксата беше да се отстрануваат жртвите и да се сместуваат во посебни шелтер центри. Со самиот предлог-закон повторно се овозможува да постојат овие центри кои ќе овозможуваат заштита на жртвите. Меѓутоа, она што е суштинско важно и слично на австрискиот систем и на повеќе европски земји, е можноста за судот по итна постапка, по пријава на полицијата, доколку постои опасност по животот на жртвата или членови на семејството, да се отстрани сторителот на семејно насилство од домот како привремена мерка, во најмал временски период од 14 дена со можност да се продолжи. Многу е важно што во овој закон се предвидува казна за непочитување по судската одлука. Казната изнесува и до 5000 евра.

Дополнително, се предвидува и економски јакнење на жртвата, односно поврзување на центрите за социјална работа со центрите за вработување.

 

Прочитајте повеќе:

Познат идентитетот на жената што се фрли од зграда во Велес

Жена погодена со куршум додека си седела во дворот