четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 56

Сопругот на Јелена ги викнал пријателите да ги исчистат доказите!?

jelena-zoran-1-640x432

Поврзани вести

Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33) откако му исчезнала сопругата прво ги повикал неговите пријатели и роднини, а дури по три часа ја повикал полицијата.

Дали тоа го направил намерно или не, сеуште не е познато, но со таквиот потег ја отежнал истрагата и со тоа го довел под знак прашалник апсењето на убиецот.

Полицијата прво го анагжирала тимот за исчезнати лица затоа што сопругот прво го пријавил нејзиното исчезнување, а како што поминувало времето и како што инспекторите му поставувале нови прашања, тој истрагата ја насочил кон киднапирање, па бил ангажиран уште еден тим за да го истражи тоа. Во меѓувреме десетина луѓе блиски до семсјтвото Марјановиќ, како и целото семејство на Јелена ја барале на насипот. ДНК траги од стотина лица биле најдени на местото каде што било најдено и телото на жената. Речиси да нема мето што не е згазено, а гранчињата скршени, вели извор блисок до истрагата за српскиот портал Ало.

Како што тече истрагата, така полицијата се сомнева во теоријата на Зоран дека неговата сопруга трчала по насипот Црвенка и дека тука ја изгубил од вид. Таквата теорија засега паѓа во вода затоа што нема сведоци што може да ја потврдат таа приказна.

Полициското куче во саботата на 2-ри април кога било пријавено исчезнувањето не успеал да ја најде на насипот, туку откако целосно го претрчал дошло до патот и легнало. Таа вечер ниту телефонот, ниту патиките не се најдени, што укажува на тоа дека таа накнадно била донесена и фрлена во каналот, вели истиот извор.

Најчитани вести