Сопругот на Јелена останува во притвор

Сопругот на Јелена останува во притвор. Зоран Марјановиќ, сопругот на српската пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33) која е пронајдена мртва во неделата во каналот кај насипот во Борча и натаму е во полиција.

Како што пренесуваат српските медиуми, иако Марјановиќ вчера втор пат дојде на полиграф, задржан е можно е и денеска да не го пуштат дома.

Задржувањето од 48 часа му истекува за неколку часа, па се очекува одлука со која ќе му биде продолжен притворот до 30 дена или пак ќе го пуштат на слобода.

Да потсетиме, Марјановиќ во текот на испитувањето бил под влијание на седативи, а бидејќи при доаѓањето во полиција на неговите раце се констатирани повреди, испрашувањето на полиграф е повторено.

Неофицијално, повторувањето било неопходно зошто во текот на првото испитување дал одредени контрадикторни изјави.