Македонија

Сопругот на прегазената новинарка: Монструмот со 150 км/час на тротоар ја прегази мојата сопруга

Сопругот на прегазената новинарка: Монструмот со 150 км/час на тротоар ја прегази мојата сопруга
Новинарката Сузана Тодоровска Павловска загина во сообраќајката кај „Зебра“

По веста за смртта на новинарката Сузана Тодоровска Павловска која беше прегазена од автомобил кај Трговскиот Центар „Зебра” во Скопје, додека се движела на тротоар, се огласи и нејзиниот сопруг, Зоран Павловски.

Зоран кој инаку е музичар, се заблагодари за сочуството и разбирањето и побара секој кој има информации за добар адвокат во земјава да му помогне, за, како што вели, приватно да го тужи монструмот, убиецот кој на тротоар ја прегази неговата сопруга со брзина од 150 км/час.

soprug-ubiena-novinarka

Неговата молба која осамна на социјалната мрежа Фејсбук веќе ја споделија огромен број луѓе кои сочуствуваат со него за огромната трагедија.

Новинарката беше прегазена кај Трговскиот Зебра од 37-годишен возач. Како што соопшти Јавното обвинителство. во моментот на несреќата, возачот бил под дејство на алкохол и дрога. Тој со голема брзина управувал со своето возило и удрил директно во Сузана.

Дополнително на возачот му е одреден 30 дневен притвор.