Сопругот на премиерот на Луксембург на заедничката фотографија со сопругите на челниците на НАТО

© REUTERS / Hannah Mckay

Готје Дестне, сопругот на премиерот на Луксембург, Ксавие Бетел за време на самитот на НАТО во Брисел, позираше на „семејната“ фотографија заедно со сопругите на челниците на земјите членки на алијансата.

Како што пренесува Daily Mail, снимката била направена во дворецот резиденција на белгиското кралско семејство во бриселското предградие Лакен.

Бетел и Дестне стапија во брак во 2015 година, откако властите во Луксембург дозволија истополовите двојки да се венчаваат и да посвојуваат двојки.

Весникот истакнува дека Дестне застана веднаш зад Меланија Трамп и Емине Ердоган, побожната муслиманска сопруга на турскиот конзервативен претседател Реџеп Тајип Ердоган. На фотографијата, меѓу другите се и првата Франција, Брижите Марон, и партнерката на белгискиот премиер Мишел Шарл, Амели Дербодрењен.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.