Сопружниците кои усмртија тригодишно девојче на обвинителна клупа

Сопружниците кои се обвинети за убиството на тригодишно девојче што се случи во март годинава, во близина на Бит Пазар, на 21 овој месец, ќе седнат на обвинителна клупа.

Како што информираат од Основниот суд Скопје 1 Обвинетите Џ.Б. и Ј.М. се товарат за убиство, член 123 ст.2 т.7 в.в со член 22 од Кривичниот законик, односно за убиство со умисла на малолетно лице, со соизвршителство.

Оттаму објаснуваат дека на обвинетите им се заканува казна затвор од најмалку 10 години затвор или доживотен затвор.

Трагичниот настан се случи кога девојчето беше усмртено со електричен кабел, додека било во куќата на соседите. Како што тогаш информираа медиумите, малото девојче се измокрило на тепихот, по што било убиено.

Триесет и четиригодишниот сосед на девојчето заврши во притвор под сомнение дека ја претепал со електричен кабел, додека неговата сопруга, 25-годишната Ј.М. беше осомничена за помагање.

Инаку, наодите од судска медицина покажуваат дека детето било често тепано, имало модринки по телото, и биле скршени ребрата од двете страни, а клучната коска на малечката била скршена пред околу 2 недели.