Сопружници загинаа во џип што паднал во канал

Сопружници од Скопје загинаа откако џипот во кој се возеле паднал во канал, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера во периодот меѓу 1 и 6 часот на локалниот пат село Миладиновци- село Кадино.

Тогаш џип „гранд чироки“ што го управувал З.Д.(72) од село Долно Лисиче излетал од коловозот и падналo на покривот во одводен канал. Од добиените повреди на самото место починале З.Д. и сопатничката С.Д. (68) од Скопје. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.