Сопственикот на ,,Медикус“ е осуден за препродажба на органи во Косово

Љутфи Дервиши, сопственик на клиниката „Медикус” од Косово, е прогласен за виновен и е осуден на седум и пол години затвора за илегална трансплатација и трговија со човечки органи.

Оваа пресуда ја донесе Основниот суд во Приштина, по неколу години судски процес.

,,Докажано е дека Љутфи Дервиши, како сопственик и со лично учество на операциите, иако знаел дека прави недозволени дејствија, продолжил во повеќе наврати да регрутира ,,донатори“ на органи и да ги трансплатира во приматели, односно пациенти“-се вели во пресудата.

Дервиши со неговиот ,,тим“, извел најмалку 23 трансплатации на бубрези во 2008 година, така што на сиромашни дарители им плаќал одредени суми пари, а органите потоа ги продавал и транспплатирал на богати клиенти, најмногу од Израел, за 80.000 до 100.000 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.