петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Соработка на Македонско-руската стопанска комора со „Македонски дом“ од Москва

Соработката меѓу двата субјекта беше остварена, меѓудругото, со поддршка и од страна на Амбасадата на Република Македонија во Руската Федерација, пред се, имајќи ја предвид можноста за зголемување на меѓусебната трговска размена и развивање на соработката во областа на туризмот, за што постојат реални можности.

dsc09573

Последни вести

Македонско-руската стопанска комора  и  „Македонски дом“, деловен субјект од  Руската Федерација  денеска во Скопје потпишаа Договор за соработка. На документот своите  потписите ги ставија Ѓорѓи Дика, претседател на Македонска-руската стопанска комора и Инна Владимировна Жарова,  генерален директор  на “Македонски дом“ од Москва.Соработката меѓу двата субјекта беше остварена, меѓудругото, со поддршка и од страна на Амбасадата на Република Македонија во Руската Федерација, пред се, имајќи ја предвид можноста за зголемување на меѓусебната трговска размена и развивање на соработката во областа на туризмот, за што постојат реални можности.

-Преку „Македонски дом“ на големиот руски пазар веќе се пласираат првите количини македонски производи. Но, сега со потпишувањето на овој договор, со кој  се создаваат партнерски односи со Македонска – руската стопанска комора,  се отвараат можност далеку поголем број  македонски компании  своите производни програми да ги понудат  во Русија. Затоа,  во наредниот период со македонската деловна асоцијација активно ќе соработуваме на развивање на трговско-економските и туристички врски меѓу деловните луѓе од двете земји, создавајќи притоа услови размената да се зголемува, но и да се врамонотежува,  бидејќи Република Македонија има сериозен трговски дефицит во размената со Руската Федерација. – истакна Инна Владимировна Жарова.

dsc09582

Во овој момент македонското стопанство во Руската федерација  претежно извезува производи од областа на земјоделско-прехрамбениот сектор и од фармацијата, но според Инна Владимировна Жарова, постојат можности и за пласман на стока и од други различни областа на индустријата, како и создавање на кооперативни односи со руските  компании.

-Заеднички со  рускиот партнер ќе ги интензивираме директните контакти меѓу деловните луѓе.За таа цел планираме заеднички  посети на саемски манифестации, но ќе организираме и симпозиуми, тркалезни маси и конференции,   што се треба да  придонесе за зголемен проток на деловни информации кои се од битно значење за зголемување на размената.Се надеваме дека од сето тоа ќе произлезат и одредени руски инвестиции во земјава. – истакна Ѓорѓи Дика.

Посебно е фокусиран ангажманот во развој на соработката во областа на туризмот.Како пример, Ѓорѓи Дика го спомена фактот дека во август годинава во Република Македонија престојувале само 551 гостин од Руската Федерација.Тоа не е ниту 1 отсто (поточно 0,9 отсто) од вкупниот број на туристи што ја посетиле земјава.Руските туристи во просек ноќевале по 3 ноќи и престојувале по 4 дена. Овие бројки се се уште мали и безначајни и според претседателот на Македонска – руската стопанска комора,  во иднина со „Македонски дом“ посебно ќе се обрне внимание на  интензивирање на соработката со македонскиот туристички сектор во правец на зголемување на  туристи од   големиот туристички пазар, на кој постои значајна и потрошувачки настроена клиентела.

Во текот на неколкудневниот престој на менаџментот на „Македонски дом“ низ Македонија ќе бидат посетени низа македонски компании – производители на вино и алкохолни пијалоци, компании кои се занимаваат со туризмот, ресторани, како и места кои би можеле да бидат интересни за посета од страна на руски туристи.

Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија обемот на стоковната размена со Руската Федерација до крајот на септември бележи опаѓање од 12,2 отсто.Во овој период двете земји меѓусебно истргувале стока во вредност од близу 129,5 милиони САД долари, додека лани тој износ бил 147,6  милиони  САД долари.

Меѓутоа, во овој период македонските компании пласирале за 8,9 милиони САД долари повеќе стока на големиот руски пазар кој е под санкции од дел од меѓународната заедница.Извезени се производи за 32,2 милиони  САД долари (лани 23,3 милиони САД долари) што е пораст за 38,4 отсто.

И увозот од Руската Федерација опаѓа за нешто повеќе од петтина (21,7 отсто).Македонските бизнисмени во Русија пазареле стока во вредност од 97,2 милиони  САД  долари (лани 124,3 милиони  САД долари).

Со оглед на порастот на извозот и рапидниот пад на увозот, значајно е намален трговскиот дефицит на страната на Република Македонија во размената со Руската Федерација и во овој период тој изнесува 65 милиони  САД долари (лани 101  милиони САД  долари).

Најчитани вести