Соработка на полициите на Македонија и на Австрија во борбата против корупцијата

Официјализирана соработката меѓу Министерствата за внатрешни работи на Македонија и Австрија во превенцијата и борбата против корупцијата.

Ресорните министри на двете држави, Гордана Јанкулоска и Џонала Микл-Лајтнер денеска на маргините на министерската конференција во Виена посветена на зедничката борба против џихадизмот потпишаа меморандум за разбирање.

Преку ефективна и ефикасна размена на информации и искуства треба да се овозможи полесно справување со корупцијата, соопшти Македонското Министерство за внатрешни работи.

Согласно Меморандумот, двете институции ќе можат во иднина да соработуваат во повеќе области што го третираат овој сложен облик на криминал почнувајќи од меѓусебно обезбедување на информации кои се релевантни за прелиминарно утврдување на факти, поткрепување и спречување на корупција, размена и споделување информации обезбедени на законски начин, идентификување или лоцирање на лице, вршење кооординирани активности за утврдување факти, разменување ефективни истражни техники и најдобри пракси за собирање информации и разузнавачки операции заради откривање на кривични дела поврзани со корупција…

Јанкулоска и Микл-Лајнтер на средбата констатирале дека досегашната соработка меѓу двете министерства е во нагорна линија, за што сведочат досегашните заеднички успешни активности на двете полиции.