Соработката САД – Русија ќе биде клучна за голем број на одлуки во 2014-та година

Во 2014 година треба да бидат решени голем број важни надворешнополитички прашања, а во многу од нив треба да учерствува и Русија, изјавил заменик претседателот на Советот за национална безбедност на САД, Бен Роудс, кој е советник за надворешна политика на претседателот Барак Обама.

„Претстојната година ќе покаже дали САД можат да постигнат договор со Иран, и Русија ќе биде на масата не овие преговори“, истакна Роудс .

Тој потсети дека 2014 година ќе биде последната година на воената мисија во Авганистан и во овој поглед на Вашингтон му претстои да одлучи дали е потребно да останува во оваа земја и по 2014-та.

„И Русија за нас е клучен партнер во Авганистан, како за обезбедување на транзитот, така и за одржувањето на стабилноста во оваа земја“, истакна Роудс, додавајќи дека ситуацијата во Сирија ќе остане актуелно прашање за меѓународната заедница.

„Нашиот претседател има големи планови за посети во странство следната година, тој ќе учествува на самитот за нуклеарна безбедност, каде што со нас рамо до рамо работи Русија и средбата на Г-8“, рекол Роудс.

Тој истакна дека Северна Кореја продолжува да предизвикува загриженост, а и во таа ситуација Русија исто така има важна улога .

Истовремено тој истакна дека меѓу Москва и Вашингтон ќе запрат несогласувањата.

„Ова е дел од нашите односи со Русија. Но нашиот пристап не е променет, ние сме подготвени на соработка таму каде што тоа е можно и подготвени сме за несогласувањата таму каде се неизбежни. Ние отворено зборуваме за овие несогласувања“, додал советникот на Барак Обама.