Балкан

Соработник на Шариќ: Одвојував од уста за да купам „бентли“

Соработник на Шариќ: Одвојував од уста за да купам „бентли“

На судењето на Дарко Шариќ, обвинетиот Бобан Стоиљковиќ, ги насмеа присутните во судот со својот исказ.

Шариќ внимателно ги следел забелешките и коментарите на обвинетиот Бобан Стоиљковиќ на писмените докази и фотографии за одземениот имот.

Стоиљковиќ, кого обвинителството го товари за учество во шверц на 990 килограми кокаин, не одрекувал дека е сопственик на стан во Братислава на кој што бил пријавен Дарко Шариќ. Но, тврдел дека не знае кој го пријавил Шариќ на оваа адреса и дека првообвинетиот до пред два дена не го ниту чул ниту го видел.

„Драго ми е што конечно можам да го видам човекот поради кој одговарам“, рекол Стоиљковиќ.

Тој настојувал да го увери судскиот совет дека неговиот имот, кој што покрај станот во Словачка се и запленетата куќа и две бензински пумпи во Врање, фирмата „Братство“ во Прешево, фабрика за леб и млеко, потоа автомобили „Бентли“, „Ауди А8“, „Ауди А6“, „Тојота ленд крузер“, ги стекнал со чесна работа.

„Училиштето не ме интересирсаше. Сакав да бидам биснимен и да заработам. Во последните 20 години работев цело време. Се’ што заработив во странство, го донесов, го чував и го вложував како вистински домаќин“, тврдел тој.

Но, не заборавил да се пожали дека „бентлито“ му е оштетено.

„’Бетнлито’ чини 247 илјади евра, а јас го купив за 118 илјади. По заплената, Министерството за внатрешни работи го користеле како пресретнувач. Тој е брз автомобил, а тие го удрија“, објаснува Стоиљковиќ.