Сораја ја измислила врската во Нејмар

Каталонските медуми наведуваат дека српската старлета Сораја Вучелиќ ја измислила врската со фудбалерот на Барселона, Нејмар за да добие место во светските медиуми.

Сите медиуми ширум светот ја објавија оваа вест дека Сораја е во врска со славниот бразилец. „Мундо Депортиво“ наведуваат дека српската старлета ги искористила фотографиите на кои случајно се сликала во Нејмар пред неколку месеци на Ибица за да ја поткрепи целата приказна.

soraja-foto-facebook-1415090068-586759

Сораја во моментов се наоѓа во Барселона каде со својата пријателка од Хрватска Тина Шегетин ја поминала Ноќта на вештерките. Таа секој ден на социјалните мрежи закачува слики од Барселона и на тој начин ја поткрепува својата приказна за наводната врска со фудбалерот. Таа често оди и по клубовите во каталонската престолнина и се слика со нивните обележја и на тој начин ја поврзуваат со Нејмар и ФК „Барселона“.

soraja-foto-printskrin-1415089294-586758

Весникот наведува дека Сораја отишла до таму што во авион се сликала со дресот на Нејмар на себе тврдејќи дека славниот фудбалер пратил авион по неа. Оваа вест била објавена во сите светски медиуми, а Нејмар на социјалните мрежи иронично напишал: „Дали вие пробувате да ми ја наместите оваа девојка? Хахаха…“

Каталонскиот весник понатаму додава дека Сораја е балканскаата верзија на американската старлета Ким Кардашијан поради своите обуилини. Се наведува дека во Србија таа веќе неколку пати била поврзувана со луѓе од светот на фудбалот.