Соравија: Работењето на опозицијата наштетува на странските инвеститори

Aвстриските бизнисмени присутни на средбата на која беа претставени можностите за инвестирање во земјава позитивно ги оценија поволностите за инвестиции кои ги овозможува Република Македонија.

Сопственикот на Соравиа груп,  Хано Соравиа, која веќе е присутна на македонскиот пазар со дел од своите бизниси, изјави дека е задоволен од поддршката која ја добива од македонската Влада.

-Инвеститорите имаат добро искуство, инвестициската клима во Македонија е многу добра, луѓето се добро образовани и стопанствениците имаат поддршката од актуелната Влада. Проблемот е што политичкото работење на опозициската партија наштетува на уверувањата и напорите да се инвестира во Македонија. Му благодарам на премиерот Груевски што не поддржува во сите наши инвестициски активности, изјави Хано Соравиа.