Сорос бара „План Маршал“ за Украина

Познатиот инвеститор, милијардер и филантроп Џорџ Сорос смета дека економската помош за Украина треба да се спроведе според американскиот „План Маршал“ со кој што и’ се помогна на Европа по Втората светска војна.

Во текст за Проџект Синдикат тој вели: „Се надевам, дека Европа по германско раководство ќе одговори на предизвикот. Веќе неколку години тврдам, дека Германија треба да ја понесе одговорноста и ризиците од доминантната ролја, која ја има во Европа. Денес Украина има потреба од модерен еквивалент на ’План Маршал’… и Германија треба да ја игра улогата, која САД ја играше своевремено.“

Тој, истотака, предупредува дека своевремено планот на САД не бил прифатен од советскиот блок и така допринел за поделба на Европа за време на студената војна.

„Едно повторување на студената војна ќе нанесе огромни штети на Русија и на Европа и особено на лоцираната меѓу нив Украина.“

Сорос смета дека дека помошта, која Европа ја разгледува сега со Меѓународниот монетарен фонд, нема да биде доволна.

„Украина има потреба од надворешна помош, која што само Европската Унија може да и’ ја даде – менаџерска експертиза и достапност до пазари“,  вели Сорос, посочувајќи за Централна Европа од 90-тите како пример.

Во Украина има потенцијал за привлекување инвеститори, но треба да се подобри бизнис климата во целата економија, да се поведе борба со масовната корупција и слабото владеење на законот, кои ги задушуваат и украинските и странските бизниси, смета Сорос.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.