четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Сорос донирал 90 милиони евра на невладините што организираа насилни протести против Трамп

Џорџ Сорос донирал над 90 милиони долари на партнерите на т.н. Марш на Жените, на кој се собраа над десетици илјади жени, еден ден по инаугурацијата на Доналд Трамп, како 45 претседател на САД.

сорос

Поврзани вести

Моментално организацијата на Маршот на Жените, брои околу 160 партнери, на својата веб страница, а повеќе од четвртината од нив, се финансирани од милијардерот Џорџ Сорос, чие име со поврзува и со голем број на анти-Трамп протести, изминатата година. Помеѓу 2000 и 2014 година, Сорос донирал 89.9 милиони долари на 40 од овие организации, вклучувајќи ги и Хјуман Рајтс Воч, Планд Пертнхуд  и Националното Здружение за напредок на обоените луѓе.

Новинските агенции и експертите, тврдат дека Американскиот народ, традиционално ја признава демократската волја на граѓаните, кои го избраа Трамп за претседател, меѓутоа, голем број на пост изборните протести низ САД, не беа спонтани, како што тоа го пренесоа некои новински куќи, а Маршот на Жените, беше проследен и со протести, кои на одредени места излегоа од контрола. Дел од присутните во Вашингтон започнале да кршат прозорци и да оштетуваат возила, по што дошло и до судири со безбедносните сили. Во немирите биле повредени неколку полициски службеници, а уапсени беа повеќе од 200 демонстранти.

Сорос, исто така, е поврзан и со одредени лево ориентирани групи, кои сакале да го затворат Вашингтон, за време на ианугирацијата на Трамп, на 20 јануари. Овие групи се дел од коалицијата Дисрупт Ј20, кои планирале нереди за време на прославата по повод инаугирацијата на Трамп.

Пораката мора да биде, дека не ја признаваме ниту локалната власт. Ако се обидете да не спречите, ќе ве најдеме каде живеете, и ќе ви ја запалиме куќата. Физички ќе се пресметаме со полицијата ако се обиде да не спречи. Ќе објавиме војна, која ќе ја изгубите, вели Лук Кун од анти-фашистичката коалиција, кои се партнери на Дисрупт Ј20.

Овие активисти на невладините организации, кои се под контрола на Џорџ Сорос, се однесуваат исто како АКТИВИСТИТЕ на Шарената револуција, која демолираше и дивееше скоро една година на улиците на главниот град и ширум Републиката. Се чини дека Сорос го реализира она што во 2012 предупредуваше дека ќе се случи, односно, насилни протести во САД, класна војна и полициска држава, велат познавачите.

Оние кои што ги поттикнуваат протестите, а многу од нив работат за организации, финансирани од Сорос, им кажуваат на протестантите дека се во опасност од Трамп, иако Трамп, откако ги доби изборите не направи ништо освен што проповедаше единство. Ова беа избори, каде и покрај големата моќ, пари и медиумски куќи, Сорос и Клинтон изгубија. Нивниот поглед е дека единствената дозволена демократија е демократија на една партија, која се согласува со нивниот поглед, а ако тоа не се случи, тие се спремни за контра-револуција која би го уништила тој демократски глас и таа демократија, вели Марко Гасиќ, британско-српски политички аналитичар.

Исто како деновиве во САД, во Македонија веднаш по изборите во 2014, соросовите структури почнаа со организирањето на обоената револуција. Во целата операција беше вклучена и белградската агенција Канвас, за која медиумите објави документи кои потврдуваат дека на различни локации ги тренирала активистите за претстојните протести. Овие протести кулминираа со таканаречената Шарена Револуција која во главниот град на Македонија нанесе милионски штети со фарбањето со боја и оштетувањето на државните објекти.

Најчитани вести