среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 46

Сорос: Фондацијата во Македонија ја водат Македонци, а јас не ја уништувам земјата

Фондацијата таму се содржи од македонски управен одбор, македонски вработени и тие се оние што одлучуваат за политиката на Фондацијата и тие треба да одговорат на прашањето, беше дециден Сорос.

Сорос: Фондацијата во Македонија ја водат Македонци, а јас не ја уништувам земјата

Сорос: Фондацијата во Македонија ја водат Македонци, а јас не ја уништувам земјата

Поврзани вести

Познатиот унгарски милијардер и спонзор на Фондациите отворени општества, Џорџ Сорос, денеска на дебата за интеграцијата на Ромите во Брисел, посочи дека тој не учествува во уништување на Република Македонија и дека политиката на неговото Отворено општество во Македонија ја води управниот одбор на фондацијата што е составено од македонски граѓани.
Ова, како што јавува дописникот на МИА од Брисел беше клучна точка на денешната прес-конференција на која покрај Сорос присуствуваше и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и првиот човек на Советот за регионална соработка (РЦЦ) Горан Свилановиќ.
– Немам одговор, не сум посветен на уништување на земјата и не знам како да одговорам, освен да го игнорирам ова, истакна Џорџ Сорос на директното прашање дали учествува во кризата и нередите што во Македонија ја создаваат лица што се на платен список на Иинститутот отворено општество.
Но, на прашањето на дописникот на МИА од Брисел, како може да учествува во соборување на македонската Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која во периодот на владеење со земјата стана шампион во промовирање на правата на Ромите со избор на министер, заменик-министер, градоначалник, пратеник и директори во Јавни институции и дека дел од лицата што протестираат во земјата се декларираат како „соросоиди“ и отворено ја поддржуваат опозициската СДСМ, Џорџ Сорос со одговор со кој ја префрли одговорноста на лицата што ја предводат неговата фондација во Македонија.
– Се плашам дека веќе одговорив на прашањето од Македонија, бидејќи не сум лично инволвиран во случувањата во Македонија. Фондацијата таму се содржи од македонски управен одбор, македонски вработени и тие се оние што одлучуваат за политиката на Фондацијата и тие треба да одговорат на прашањето, беше дециден Сорос.
На денешната дебата во Брисел организирана од Фондацијата отворено општество на Сорос, Еворпската комисија и Советот за регионална соработка учествува и македонскиот министер без ресор Неждет Мустафа.

Најчитани вести