СДСМ киднапиран од Сорос

Некогаш најголемата политичка организација во Република Македонија, Социјалдемократскиот сојуз, се сведе на партија на платеници на Сорос, пишува неделникот „Република“.

Тие ја контролираат СДСМ, а со пари на фондацијата Сорос ги носат крупните одлуки во име на СДСМ и ги контролираат опозициските медиуми.

Додека раководството на СДСМ се загубија по најавите за разни афери под бомбастично име „бомба“, термин со кој манипулираат и шпекулираат скоро цела година, уште од предизборниот период во Македонија, периодот на загубеност го искористија платениците на Сорос кои го презедоа кормилото на опозицијата.

platenici3

Всушност меѓу опозиционерите има околу триста лица кои земаат пари од проектите на Сорос, односно пари доделени од Владимир Милчин, чии што платени улоги, но и лични животни цели им е да ги хранат своите фрустрации, гнев и немоќ откако се прозрени од народот во својата намера, со лажни теми за немање демократија или немање слобода.

platenici politiko

Всушност, зад „немањето демократија“ се крие нивната желба за власт, а во „недостатокот на слобода“ се крие речникот со кој со најдрски закани се шири говор на омраза и тоа токму од медиуми кои се под нивна капа.

Milcin_Sekerinska

Во тоа предничат порталот А1он, Плус инфо, Слободен печат, Либертас и други. Дури и Милчин потврдиува дека контролира седум медиуми во земјава.

platenici milcinplatenici 5 gero platenici

Логиката која ги води во нивните напади е дека тие што имаат проекти со власта се обврзни да ја поддржуваат. По истата логика, пак, значи дека тие што имаат проекти од странски фондови, како што е тој на Сорос, и странски служби, а такви има повеќе, тие се обврзани да поддржуваат и туркаат туѓи, странски интереси во Македонија, без притоа да се мисли за доброто на државата или граѓаните.

За тоа во која насока се движи СДСМ, отворено се поставува и прашањето, кој тоа дал интервју за медиумите на Сорос, во име на Зоран Заев додека тој зимувал како се наведува во монденски зимски центар во Италија?

platenici 4

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.