Сорос го урива цивилниот сектор во државата

Последната анкета на Републиканскиот институт ИРИкоја се однесуваше на рејтингот на политичките партии  се осврна и на тоа дали невладините организаци се ослободени од политичко влијание.

Одговарајќи на прашањето „Дали мислите дека невладините организации се ослободени од политичко влијание или нивната програма и делување е под влијание и делување на политичките партии?“, дури 55 отсто од испитаниците одговориле дека НВО се под влијание, 27 отсто одговориле дека не се, додека 18 отсто одговориле со не знам.

Огромниот процент од 55 отсто покажува дека граѓаните препознаваат корупција и политичко влијание во невладиниот сектор.
Фондацијата Отворено Општество- Сорос Македонија, која е главниот финансиер во невладиниот сектор располага со годишен буџет од 5,2 милиони евра само за изминатава година.

Во оваа организација, освен првиот човек Владимир Милчин, кој е поранешен висок функционер на СДСМ, во извршниот одбор се и други звучни имиња блиски до СДСМ.

Меѓу нив е и Маргарита Цаца Николовска, инаку претседател на Совет во СДСМ. Истовремено, оваа организација е позната по делење на грантови на медиуми исклучиво блиски до СДСМ.
Меѓу најофајдените се порталот Плусинфо и весникот „Слободен печат“, два медиуми кои се поврзуваат со Бранко Героски, за кои има извлечено неверојатни 107 илјади евра само за 2013 година.