СОРОС и годинава со буџет од 5 милиони евра, неофицијално сумата е многу поголема

СОРОС на Владе Милчин, според официјалните податоци изминатава година потрошил 5 милиони евра, но, како што пишува порталот „Курир“, неофицијално оваа сума е многу поголема.

Во текот на последната фискална година СОРОС Македонија има буџет од 299.531.700 денари или 4.870.414 евра. Како што наглсува „Курир“, најголем дел од приходите се собрани под општа ставка „чланарина“, приходи од податоци за што биле прибрани 4.707.501 евра.

Од тоа, 39.405.507 денари или 640.739 евра се исплатени за плати во СОРОС што е солидна бројка со оглед на тоа дека се работи за невладина и непрофитна организација.

Во извештајот на СОРОС не се наведува колку пари се дадени од вкупните приходи за финансирање на медиуми, туку под ставка „помош и давања“  исплатени се 189.785.449 денари или 3.085.942 евра.

„Курир“ пресметал дека за сите години дејствување досега СОРОС Македонија  има потрошено 93 милиони евра во буџети, а со овие нови речиси 5 милиони евра од последната година, таа бројка достигнува 98 милиони евра.

ИЗВЕШТАЈОТ е потпишан од Владе Милчин.

vladepotpiss

Овие мегаломански суми се пари од пријавен буџет, но со оглед на нивните широки финансиски активности не се исклучува можноста за други сметки и влез на пари од други странични организации.

Се знае, на пример, дека централата на СОРОС директно финансира извештаи за други невладини и граѓански асоцијации како „Репортери без граници“ или „Фридом хаус“.

Прв човек на СОРОС Македонија е Владе Милчин, човекот кој зборуваше на партискиот митинг на СДСМ пред Владата и е нивен поддржувач и поранешен функционер.

Овие 5 милиони евра се трошат на финансирање на медиуми, новинари и невладини организации кои имаат единствена цел – да се критикува работата на македонската Влада.

Цела ергела медиуми зема пари од оваа каса. СОРОС издвојува огромни суми на пари за медиумите чии уредници се гласноговорници на СДСМ и блиски луѓе до раководството на опозицијата.

Меѓу нив се ПлусИнфо на Бранко Героски, Либертас на Ацо Кабранов, А1он и многу други медиуми.

Покрај овие медиуми, на „платниот список“ на СОРОС  се и и невладини организации како „Транспарентност Македонија“,МЦЕО-Македонски центар за европско образование чиј поранешен  директор беше Лидија Димова, МОФ кој пружаше огромна поддршка за Пленумите, партискиот институт Прогрес и многу други.