СОРОС и СДСМ ги впрегнаа сите сили за „студентските“ протести

Опозициската СДСМ, преку своите комуникациски центри, ги организира членовите на партијата за најавениот протест на студентите во среда. Станува се’ појасно дека најголемата опозициска партија и нејзините полуги од Соросовата фондација во земјава директно ги иницираат и поттикнуваат протестите на студентите.

Очигледно студентите служат само како средство за манипулација.

cetri

Комуникациските центри на СДСМ, високи функционери, активисти на опозицијата, луѓе кои во јавноста важат за нејзини отворени поддржувачи, поранешни советници, интензивно се вклучија во повикот за протести на студентите.

Дописот на т.н. организација Студентски пленум која преку соопштение ги повикаа граѓаните, студентите, професорите, членови на политички парти да им се придружат на вториот студентски марш  против, како што велат, необмислените реформи во високото образование, на социјалните мреќи е објавен од повеќе комуникациски центри на СДСМ.

Покрај центрите за комуникација на СДСМ, во повикот за Студентскиот протест активно се вклучени и високи фунционери на опозицијата, екпсерти блиски до фондацијата СОРОС и други нејзини инструменти. Професорката Билјана Ванковска најавува учество на протестот и агитира помеѓу студентите да излезат на протести.

– ЈАС ВИКАМ ГЛАСНО (затоа и големи букви)! Чекаме Студентски Пленум да определи датум, за да сега обединети и во уште поголем број прошетаме по улиците и застанеме пред МОН, пишува Ванковска.

vankovska

Мирјана Најчевска, професор на филозофски факултет, уште еден од мегафоните на СОРОС исто така најавува учество на протестот и агитира студентите да излезат.

mars

Кон повикот да се иозлезе на протести се приклучува и  Софија Куновска, поранешен советник во Град Скопје од СДСМ.

sofija

Новинарката Ленче Николовска,член на СДСМ и пратеник исто така го споделува дописот на Студентскиот пленум и повикот за марш.

lence

Братот на отворениот поддржувач на опозицијата, колумнистот Ивор Мицковски, Кико Мицковски, кој беше забележан и на првиот протест на студентите го шири повикот да се излезе на марш во среда.

kiko

Активисти на ЛГБТ, како и активисти на социјалдемократската младина исто така активно се вклучени во организација на протестот.

lgbt

ivana

Уште еднаш се докажа дека неформалната студентска организација „Студентски пленум“, која повторно најавува протести на студентите на 10-ти декември против најавениот државен испит кој треба да го зголеми квалитетот во високотo образование не постои, односно протестите се поттикнати од високи фунционери на СДММ, кои пак се директно координирани од високи фунционери на опозицијата предводена од СДСМ.

Сите информации кои се појавија во јавноста ја потврдуваат поврзаноста помеѓу СДСМ и Студентскиот, кој всушност не е ништо друго, туку само продолжена рака на СДСМ, контролиран преку Младинскиот образовен форум (МОФ), кој пак со години е финансиран од Соросовата фондација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.