СОРОС и СДСМ главни адути на Венизелос

Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, го говори истото што и најголемата македонска опозициска партија, СДСМ, објавува Курир. Венизелос повторно со исти ставови како и луѓето на Соросовата фондација во земјава и највисоките раководните луѓе од опозицијата.

Ставовите на луѓето кои во јавноста важат за отворени поддржувачи на опозицијата, како и на самите раководни луѓе на најголемата опозициска партија веќе станаа грчки алатки за рушење на македонската преговарачка позиција во спорот за името, како и силен грчки адут со кој Евангелос Венизелос ја брани блокадата на Грција која официјална Атина ја спроведува врз нашата земја.

Првиот човек на грчкото МНР ја користи СДСМ како оружје за напад во спорот со името. Венизелос во интервју за весникот “Реал“, ги користи изјавите на македонската опозиција како главни аргументи против македонската евроатлантска интеграција. Тој рекол дека во ЕУ ќе соопшти дека покрај проблемите со името, зад истото стојат и проблемите со односот на владата и опозицијата, со демократијата, со слободата на печатот, владеењето на правото итн.

-Кога ќе појдеме во Европската Унија и во НАТО ќе им кажеме дека постои прашањето за името, но зад него е и прашањето за демокатијата, за човековите права, за владеењето на правото. Прашањето за односите меѓу Албанците и Македонците и прашањето за односот на Владата и опозицијата, најави Венизелос.

Ваквата изјава на Венизелос, јасно покажува дека со чекорите кои се превземаат во насока на спорот за името, јасно е дека Соросовите луѓе и раководството на СДСМ стануваат сигурни и убедливи алатки за рушење на државните позиции на Македонија. Ставовите изнесени од македонската опозиција и луѓето блиски до неа, му даваат аргументи на јужниот сосед да ги оправда своите тези на меѓународен план.

СДСМ го полни Венизелос со аргументи

Македонскиот опозициски двоец Зоран Заев и Радмила Шекеринска ги полнат Грците со аргументи за блокирање на македонските евроатлански интеграции. Токму тие и луѓето финансирани од фондацијата СОРОС во земјава во повеќе наврати излегуваат со ставови дека во Македонија институциите не функционираат и нема владеење на правото, што вешто е искористено од Венизелос.

Темите за слобода, демократија, меѓуетничките односи, за човековите права и владеење на правото се заеднички теми на СОРОС, СДСМ и Грција. Многу од темите кои ги застапуваат грчките политичари, идентично или слично се презентираат и застапуваат од луѓето на СОРОС, но и раководството на СДСМ, во проширена и збогатена варијанта.

– Вистинскиот проблем на ФИРОМ е внатрешен и институционален. Проблем на демократијата и почитувањето на владеењето на правото. Во ниедна западна современа држава, демократска и правна, не постои официјална државна идеологија. Ова го потхранува иредентизмот и создава многу важни проблеми и меѓу ФИРОМ и Бугарија, ќе изјави во една прилика Евангелос Венизелос.

Шефот на грчката дипломатија алиби за ваквите тврдења наоѓа токму во ставовите искажани од страна на најголемата опозициска партија и луѓето на Соросовата фондација. Венизелос и Заев се на иста линија. И двајцата велат дека во Македонија има нефункционална демократија и недостаток на владеењето на правото.

-Во Македонија не владее ниту правото, ниту Уставот и законите туку самоволието, насилството и ароганцијата на власта. Наместо владеење на правото, денеска Македонија се споменува како држава со политички затвореници и селективна правда. Ова е став изразен од СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска, кој речиси е идентичен со она што го вели Венизелос.

Кога истиот тој Венизелос во Атина ќе каже дека во Скопје има проблем со етничката кохезија, почитување и целосно спроведување на рамковниот договор за соживот меѓу словенската и албанската заедница, лично и лидерот на СДСМ Заев изразува загриженост за загрозувањето на меѓуетничките односи во земјата .

И кога грчкиот министер зборува за меѓусоседските односи во регионот, нагласувајќи го “иредентизмот и проблемите меѓу ФИРОМ и Бугарија“, излегува на виделина истата матрица и поддршка за грчките тези и политики. Истите личности наеднаш изразуваат огромна загриженост за македонско – бугарските односи не испуштајќи да ја стават сопствената држава во улога на виновник .

-Јакнењето на опозицијата во Македонија претставува поттик да се подобрат билатералните односи со Бугарија, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со бугарскиот амбасадор Зоран Петров.

Грција ги користи ставовите на луѓето на СОРОС

Покрај со раководството на СДСМ, изјавите на Евангелос Венизелос се поклопуваат и со ставовите на луѓето на Соросовата фондација во земајва. Се потврдија пишувањата на Курир дека освен за името, тезите искажани од луѓе кои гордо признаваат дека ја поддржуваат опозицијата ја засилуваат позицијата на Грција и на други теми кои јужниот сосед ги користи во нападот кон нашата земја. Изјавите на Венизелос буквално се пресликуваат со оние на Бранко Героски, Љубомир Фркоски, Борјан Јовановски, Владимир Милчин, Сашо Орданоски и низа други лица кои се приклонети кон опозицијата.

-Имаме убиена демократијата. Истепани пратеници. Фалсификувани избори и парламент без опозиција. Имаме пораки за гасни комори за тие што не се Македонци. И пораки за смрт и изгон на „предавниците“, ќе напише во една прилика еден од најгласните поддржувачи на СДСМ, Бранко Героски.

Исто така тој додава и дека “политичките турбуленции, меѓуетничката криза и општата националистичка хистерија можат да доведат до влошување на односите со Албанија и со Бугарија“.

– Наше е да се избориме за алтернативни острови на слободата и’ да се обидуваме со борба да ги прошириме и споиме во КОПНО, континент на слободата. “Крв“ ќе има до колена во таа борба, смета Љубомир Фрчкоски. Меѓу неговите тези е и тоа дека „Скопје ги занемарил односите со Бугарија“, како и дека „Приказната за охридскиот договор во владата фукнционира како стар автомобил, само на туркање!“

Борјан Јовановски смета дека “Во Македонија владее правото масовно на цело село!“, додека уште еден отворен поддржувач на опозицијата. Ерол Ризаов пак, пишува дека „Нема демократија без ограничување на политичката власт. Само со владеење на правото може да се обезбеди контрола на власта и ефикасна заштита на граѓанинот и неговите слободи и права“.

На иста линија со Венизелос е и првиот човек на Соросовата фондација во земјава, Владимир Милчин.

-Злоупотребата на институциите, почнувајќи од Собранието па надолу е општо место на нивното владеење. Теророт ја задушува кревката демократија. Стравот ги гуши граѓаните. Македонија се порева под бремето на власта. Можноста таа да стане правна држава е дефинитивно погребана, вели Милчин во едно.

Најновата изјава на Венизелос покажува дека јужниот сосед вешто ги искористува овие наши домашни извори како алиби за одбрана своите аргументи во блокадата и уцените кон Македонија. После ова, се поголем станува сомнежот дека опозициските лидери заедно со новинарите на СОРОС свесно одработуваат во корист на официјална Атина, имајќи во предвид дека нивните изјави се главен грчки адут за рушење на македонските позиции.