МОФ – алатка на Сорос и СДСМ за протестите на студентите?

Влијанието и парите на Соросовата фондација во земјава и структурите на најголемата опозициска партија може да се видат во позадина на протестите на студентите, кои следуваат по најавите за воведување на државен испит во високото образование, а чија единствена цел според надлежните е поголем квалитет во образовниот процес.

Фондацијата СОРОС во Македонија прерасна во главен финансиер на голем број на организации чии структури се пополнети од луѓе на СДСМ и кои потоа своите активности ги насочуваат кон рушење на власта и оцрнување на секоја реформа и владин проект.

Ова можеше да се забележи и при последните протести на студентите, во кои луѓе од опозицијата и полугата на СОРОС активно се вклучени во ширењето на дезинформациите до студентите и нивно манипулирање околу државниот испит.

МОФ ја има главната улога во протестите

Освен функционерите на СДММ кои директно се насочени кон организирањето на протести на студентите, во целата операција е вклучена и мрежата на МОФ, која пак е координирана и финансирана со големи износи од СОРОС и чии структури ја имаат главната улога во протестите.

МОФ е организација чии луѓе го сочинуваа и Студентскиот пленум, кој беше профилиран како неформална иницијатива која застана зад организиранјето на студентските протести.

Рецептот за протести е веќе виден. Манипулација, извртување на реформата и заплашување, како и многу финансиски средства и инфраструктура овозможена од СДСМ.

Манипулацијата се случи во моментот кога СДСМ на прес конференции и подоцна дел од студентските структури под нивна контрола излегоа со тврдење дека станува збор за екстерно тестирање, нешто што не беше воопшто вистина и се утврди како голема лага.

Вториот сегмент беше користење на инфраструктурата на СДСМ, преку партиски војници пратени на протест и организации финансирани од СОРОС. Повторно Соросовата фондација замеша прсти преку МОФ, чии пак луѓе во најголема мера го контролираат Студентскиот пленум, кој формално и не постои.

Каква е поврзаноста на МОФ И СОРОС?

Близу еден милион евра донации од СОРОС земала невладината организација Младински образовен форум во период од четири години. Милионските суми кои како донација се слевале на сметката на МОФ биле од претставништва на СОРОС во повеќе земји. Најголем донатор на оваа невладина организација се јавува токму ФИООМ, претставништвото на СОРОС во Македонија, објавија повеќе медиуми во јули минатата година.

Милионски суми за независни проекти, или навидум независни. Во период од 2008-2011 година, според извештаите во касата на МОФ од ФИООМ се слеале вкупно 46 милиони 663 илјади денари или околу 750 илјади евра. Донациите на македонското претставништво на СОРОС во МОФ растеле секоја година. Во 2008 донирани се над 4 милиони денари, во 2009-та над 8 милиони. Донацијата кон МОФ на ФИООМ во 2010-та година значително се зголемила, па во касата на невладината организација се слеале над 18.500 милиони денари. Во 2011 година над 15 милиони денари завршиле како донација од ФИООМ во МОФ.

Ова може да се забележи од јавните финансиски извешти објавени од МОФ, според кои донациите од СОРОС растеле од година во година.

Уште едно претставништво на СОРОС кое учествува во финансирањето на МОФ со значителна сума на средства е Open Society Foundation Budapest. За четиригодишниот, претходно наведен период, ова претставништво во МОФ донирале над 4 милиони денари. Нешто помалку од 4 милиони денари во МОФ за истиот период се донирани и од Open Society Foundation London/NY кое исто така е странско претставништво на фондацијата СОРОС.

Според горенаведените податоци Младинскиот образовен форум (МОФ) од 2008 до 2011 година на своето конто добило 55.128.000 денари или 899.315 евра парични средства директно од фондацијата СОРОС како од Македонија така и од други земји.

Дел од лидерите на МОФ се активисти на СДСМ

Поранешниот премиер Владо Бучковски, во колумна објавена во декември минатата година пишува дека МОФ е еден од с(п)иновите на Соросовата фондација – Отворено општество Македонија.

-Разочарувачки е за мене кога млади луѓе што имаат политички амбиции користат говор на омраза. Ги запомнив имињата на двајца од тројцата млади луѓе што истурија грст навреди кон мене и кон другите двајца основачи на Алијансата за позитивна Македонија. И двајцата се дел од младината на СДММ, еден од нив бил и член на Извршниот одбор во Гази Баба.Тешко на таа партија што има ваква младина! Но, да не берам туѓо гајле. Бев револтиран од односот на организаторот, извршниот директор на МОФ, наместо да се огради од говорот на омраза на овие млади луѓе, се огради од мојот настап, иако знаеше за моите ставови! Kако и да е, се надевам дека организаторот ќе смогне сили јавно да се извини за навредите и за клеветите што беа изречени за мене и за другите двајца основачи на Алијансата за позитивна Македонија…, пишува Бучковски.